Sarp Özer
09 Октомври 2016•Ажурирај: 10 Октомври 2016
АНКАРА (АА) - Во рамките на операцијата „Штитот на Еуфрат” во северна Сирија, вчера беа нападнати 102 цели на ДАЕШ, којшто беа уништени во вкупно 416 напади извршени со хаубици, тенкови, минофрлачи и ракетни фрлачи, јавува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на турските безбедносни сили, операцијата „Штитот на Еуфрат” продолжува, со цел елиминирање на опасноста од терористичките организации, подигање на нивото на безбедност на границата и давањето поддршка на коалициските сили.
На 47. ден од операцијата „Штитот на Еуфрат”, единиците на специјалните сили извршија различни напади кон цели на линијата Азез-Раи.
Терористичката организација ДАЕШ се обиде да влезе во областите Актарин и Туркмен Бари, коишто моментално се наоѓаат под контрола на опозициските сили. Во судирите меѓу Слободната сириска армија и терористичката организација ДАЕШ беа убиени 14 терористи од оваа терористичка организација. Во меѓувреме, во текот на вчерашните борби двајца припадиници на опозициските сили го загубија животот, а 19 други се повредени.
Нападнати се 102 цели на ДАЕШ, којшто претходно беа идентификувани преку разузнавачките служби. Во неутрализирањето на идентификуваните цели помош пружија и припадниците на Слободната Сириска Армија.
- Напади на воените авиони -
Воен авион на Турските воздухопловни сили изведе напад со 4 бомби на четири различни точки во Дувајбик и Актарин. Во рамките на оваа воздушна операција уништини се четири објекти, користени од страна на терористите како засолниште.
Коалициските сили, од друга страна, извршија 10 операции против цели во Актарин, Туркмен Бари и Хазван. Воените авиони неутрализираа 17 терористи, а уништија еден автомобил и 3 објекти.
Опозициските сили досега успеаја да преземат под контрола територија од околу 1.010 километри квадратни. За 47 дена, откако започна операцијата „Штитот на Еуфрат”, деактивирани се 28 мини и 1.023 рачни експлозиви.