Tutku Şenen
14 Октомври 2016•Ажурирај: 15 Октомври 2016
АНКАРА (АА) - Според турски армиски извор, вкупно 62 терористички цели на ДЕАШ вчера беа уништени во операцијата спроведена од коалициските сили предводени од САД во северна Сирија, како дел од тековната операција „Штитот на Еуфрат“, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштение до АА, изворот, кој зборуваше под услов на анонимност, истакна дека во изминатите 24 часа, двајца опозициски борци загинале во судирите, а вкупно 134 населби биле расчистени од ДЕАШ.
Денес е 52. ден од операцијата „Штитот на Еуфрат“, која започна на 24 август со цел за зајакнување на граничната безбедност, поддршка на коалициските сили и елиминирање на заканата поставена од терористичките организации, особено ДЕАШ.
Сирија е заробена во жестока војна уште од почетокот на 2011 година, кога режимот на Башар ал-Асад презеде мерки со неочекувана свирепост против продемократските протести.
Оттогаш, според ОН, повеќе од 250.000 лица се убиени, а над 10 милиони лица се раселени.
Според Сирискиот центар за политички истражувања, сепак, бројот на жртвите од конфликтот што трае шест години изнесува повеќе од 470.000 луѓе.