Rahmi Gündüz
14 Октомври 2016•Ажурирај: 15 Октомври 2016
ПАРИЗ (АА) - Организацијата за образование и култура на Обединетите нации (УНЕСКО) донесе одлука дека џамијата Месџид ал Акса не е дел од јудаизмот, јавува Anadolu Agency (AA).
Во одлуката се критикува начинот на кој Израел се однесува кон верските и свети места во Ерусалим, потенцирајќи дека Ерусалим е свето место за муслиманите, христијаните и за евреите. Во одлуката особено се потенцира фактот дека џамијата Месџид ал Акса е поврзана со исламот, а не беа одобрени наводните тврдења на Израел дека Евреите се поврзани со подрачјето каде што се наоѓа џамијата.
Комисијата за надворешни работи на УНЕСКО ја прифати оваа нацрт-резолуција со 24 гласа „за“ и 6 „против“. Од комисијата, 26 члена биле воздржани, а два члена не учествувале во гласањето. Одлуката наиде на реакции од страна на Израел, а при нејзиното гласање, Франција беше воздржана, додека САД, Германија и Англија гласаа „против“.
Донесената одлука во понеделникот од страна на УНЕСКО, кој брои 58 члена, повторно ќе биде ставена на гласање пред одборот на директори. Истиот одбор на директори го привлече вниманието на јавноста со одлуката што ја донесе во април, според која Месџид ал Акса е поврзана со муслиманите.