Muhammed Bilal Kenasari
14 Октомври 2016•Ажурирај: 15 Октомври 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот Стејт департмент соопшти дека не го поддржува учеството на ПКК, која ја дефинирана како терористичка организација, во операциите во Мосул против ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Стејт департментот, Марк Тонер, на дневниот брифинг одговарајќи на прашање рече: „Јасно изјавуваме дека ПКК е терористичка организација. Не го поддржуваме учеството на ПКК во операциите за Мосул“.
Портпаролот Тонер истакнувајќи дека ја поддржуваат Турција во заштитата на својот народ од теророт на ПКК, продолжи со зборовите: „Турција ги има сите права за заштита, во насока на заштитата на својот народ од нападите на ПКК“.
Тонер повторувајќи дека САД не ги поистоветува ПКК со останатите курдски групации кои делуваат во Сирија на северот од Ирак, продолжи говорејќи дека ЈПГ, огранок на ПКК во Сирија, е значајна сила во борбата против ДЕАШ.
Покрај тоа, на Тонер му беше упатено прашање во врска со ирачкиот пратеник Аватиф Наиме, кој упати повик до ПКК да отвори своја канцеларија во Багдад.
Портпаролот на американскиот Стејт департмент, Тонер, рече дека не го забележале повикот на ирачкиот пратеник. Тој повтори дека ПКК е терористичка организација и додаде: „Се подразбира дека тоа не го поддржуваме“.