Mahmoud Barakat,Handan Kazancı
14 Октомври 2016•Ажурирај: 14 Октомври 2016
АЗАЗ (АА) - Бројот на загинати лица во големата експлозија на автомобил бомба која доцна синоќа го погоди подрачјето на Алепо, во градот Азаз, се зголеми на 19, според локални медицински извори, јавува Anadolu Agency (AA).
Експлозијата била насочена кон контролниот пункт на Слободната сириска армија во Азаз, лоциран во северозападната покраина Алепо во близина на турската граница.
Според извор од локалната полска болница, кој зборуваше за АА под услов на анонимност, бројот на загинатите лица од експлозијата се зголемил на 19.
Според претходно соопштение издадено од локални безбедносни извори, некои од повредените се пренесени во болниците во соседна Турција.
Алепо долго време претставува жариште на конфликтот помеѓу силите лојални на сирискиот режим на Асад и вооружените опозициски групи.
Сирија е заробена во жестока војна уште од почетокот на 2011 година, кога режимот на Башар ал-Асад презеде мерки со неочекувана свирепост на про-демократските протести.