Fatjon Prronı
21 Септември 2016•Ажурирај: 21 Септември 2016
АНКАРА (АА) - Турската армија вчера соопшти дека се уништени 60 позиции на ДАЕШ во северна Сирија со 171 истрел од хаубица „фиртина“, јавува Anadolu Agency (AA).
Како дел од офанзивата „Штитот на Еуфрат”, коалициските сили спроведоа три воздушни напади против членовите на ДАЕШ во регионот Бахвуртах, се вели во соопштението од Генералштабот на турската армија.
Армијата соопшти дека четири члена на ДАЕШ се „неутрализирани“, како и дека се уништени две згради и два минофрлача.
Офанзивата „Штитот на Еуфрат“ започна минатиот месец, кога Слободната сириска армија, поддржана од страна на Турските вооружени сили го презеде Џарабулус од ДАЕШ.
Според турската армија, расчистена е област од 900 квадратни километри (347 милји) од терористите во северна Сирија.
Турција вели дека целта на офанзивата „Штитот на Еуфрат“ е зајакнување на граничната безбедност, поддршка на коалициските сили и елиминирање на заканата од терористичките организации, особено од ДАЕШ.
Операцијата е спроведена во согласност со правото на земјата за самоодбрана, произлезено од меѓународните договори и мандадот даден на Турските вооружени сили од страна на Парламентот во 2014 година, кој беше продолжен за уште една година во септември 2015 година.