Adsız Günebakan
20 Септември 2016•Ажурирај: 20 Септември 2016
ГАЗИАНТЕП (АА) - При активирање на експлозивна направа поставена на турско-сириската граница, загинаа двајца турски војници, јавува Anadolu Agency (AA).
Експлозивната направа била активирана во јужниот дел на Огуз, во близина на турско-сириската граница. Сериозно биле повредени двајца членови на безбедносните сили, кои и покрај напорите на лекарите, ја загубиле битката за животот.
Нивните тела биле транспортирани во Газиантеп, во Турција, каде што ќе им биде извршена обдукција.