Betül Yürük
20 Септември 2016•Ажурирај: 21 Септември 2016
ЊУЈОРК (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, денес изјави дека Турција ја поддржува руско-американската иницијатива за ставање крај на судирите во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Чавушоглу за време на состанокот на Меѓународната група за поддршка на Сирија (ISSG) во Њујорк, порача дека е многу важно да се обезбеди непречена достава на хуманитарната помош за загрозеното население во завојуваната Сирија.
„Турција ќе продолжи да ја поддржува руско-американската иницијатива за ставање крај на судирите во Сирија. Исто така, многу е важно да се обезбеди испораката на хуманитарна помош“, изјави Чавушоглу.
Тој, исто така, истакна дека сирискиот режим не треба да ги попречува мировните иницијативи чијашто крајна цел е да се стави крај на повеќегодишните судири.
Чавушоглу додаде дека режимот на Башар ал-Асад ќе биде одговорен доколку не биде спроведена мировната иницијатива во Сирија.
На крајот тој нагласи дека е неопходно да се преземат чекори за поголемо внимание на политичкиот процес во Сирија.
Од друга страна, американскиот државен секретар Џон Кери, по средбата изјави дека примирјето не е прекинато.