Sarp Özer
20 Септември 2016•Ажурирај: 20 Септември 2016
АНКАРА (АА) - Турските вооружени сили извршија гранатирање на позициите на сепаратистичката терористичка организација на ирачката страна од границата. Според првичните информации, неутрализирани се четворица терористи, јавува Anadolu Agency (AA).
Од воени извори се дознава дека вчера утрото, во близина на ирачката граница, западно од селото Кеста, лоцирана е муниција на сепаратистичката терористичка организација.
Врз основа на овие податоци извршено е гранатирање на локалитетот со хаубици 155мм и 105мм, при што муницијата е уништена. По гранатирањето теренот бил надгледуван со беспилотни летала и според првичните информации, покрај уништената муниција, неутрализирани се и 4 терористи, а еден е ранет.
Како резултат на уништената муниција на локалитетот се развил пожар и се слушале детонации.