Hatice Kesgin
23 Ноември 2016•Ажурирај: 23 Ноември 2016
АНКАРА (АА) - Според денешното соопштение, Турските вооружени сили вчера уништија девет позиции на ДЕАШ, вклучувајќи засолништа и два командни и контролни центри во северна Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Специјалната единица на војници од Слободната сириска армија, поддржана од Турција, ги продолжи нападите за контрола на областа источно и западно од Ал-Баб.
Операцијата „Штитот на Еуфрат“ започна кон крајот на август, со цел да се расчисти северната сириска гранична област од терористите.
Досега, над 215 населени области, вклучувајќи повеќе од 1.800 квадратни километри територија во северна Сирија, се расчистени од терористите на ДЕАШ како дел од оваа операција.
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган вчера изјави дека операцијата се одвива успешно и дека трупите на Умерената сириска опозиција го опколиле Ал-Баб.
Градот контролиран од ДАЕШ се наоѓа на околу 30 километри јужно од турската граница. И Умерената сириска опозиција и ПКК/ПЈД се борат за потиснување на ДЕАШ од областа. ПКК/ПЈД- се смета од страна на Турција за терористичка организација.