Hasan Tosun
23 Ноември 2016•Ажурирај: 24 Ноември 2016
ВИЕНА (АА) - Агенцијата на Европската Унија за основните права (ФРА) соопшти дека е зголемен бројот на кривичните дела закани, малтретирање и убиства на бегалците во Европската Унија (ЕУ), јавува Anadolu Agency (AA).
ФРА со објави својот извештај на тема „Злосторства од омраза“, којшто го подготви во врска со бегалците во 14 земји-членки на ЕУ – Германија, Франција, Шведска, Австрија, Холандија, Данска, Италија, Шпанија, Грција, Полска, Словачка, Унгарија, Финска и Бугарија.
Според извештајот, зголемен е бројот на кривичните дела закани, малтертирања и убиства. Во извештајот се нагласува дека кривичните дела кон бегалците се во вид на закани, заплашувања, па сѐ до убиства. Како што се вели, земјите-членки на ЕУ слабо реагирале на овие злосторства и некои политичари ги поддржувале насилните активности.
- Повик кон ЕУ и кон земјите-членки -
Во извештајот се истакнува дека покрај бегалците, цел на нападите се муслиманите, жените со бурки, етничките групи, активистите за човекови права, наклонетите политичари – бранители на бегалците и новинарите што пријавиле порблеми.
Извештајот наведува дека повеќето од земјите-членки на ЕУ не ги регистрираат кривичните дела од омраза и дека жртвите на нападите поради недоверба кон полицијата и поради страв од апсење и депортирање надвор од границите, не ги пријавуваат овие напади. Така проблемот не излегува на виделина.
Во извештајот беа повикани ЕУ и земјите-членки да се активираат за одбрана за човековите права.
- Во Германија повеќе кривични дела -
Според извештајот, повеќе кривични дела кон бегалците се извршени во Германија. Според податоците на германскиот Парламент, во 2015 година против бегалците се извршени 1.031 кривично дело, а во 2016 година 735 кривични дела. Според податоците на хуманитраните организации фондација Амадеу Антонио и Про Азил (Pro Asyl) во 2015 година се извршени 1.266, а пак во 2016 година 1.103 кривични дела кон бегалците.
Објавено е дека во Германија, просечно, на секој трет ден се палат центри за мигранти и дека во текот на интервенцијата на полицијата е убиен еден ирачки мигрант.
Во извештајот се вели дека во 2015 година, против мигрантите во Грција биле извршени 75 кривични дела, во Холандија 53, во Шведска 50 и во Финска 47. Во Словачка, пак, една жена од Сомалија била нападната 6 пати во текот на една година.
Во Бугарија, во 2015 година од страна на полицијата бил убиен еден мигрант од Авганистан. Во Италија еден мигрант од Нигерија бил убиен со пиштол додека ја бранел својата жена. И во Австрија еден мигрант бил застрелан од службеник.