Emin Avundukluoğlu
22 Јуни 2016•Ажурирај: 22 Јуни 2016
АНКАРА (АА) - Турските воени авиони вчера нападнаа повеќе позиции на терористичката организација ПКК во југоисточна Турција и северен Ирак, соопшти денес турската армија, јавува Anadolu Agency (AA).
Турските вооружени сили извршиле напади во регионите Заб и Метина во северен Ирак.
Во соопштението се вели дека воените авиони уништиле 15 цели на ПКК во северен Ирак, вклучувајќи засолништа, скривалишта, складишта за муниција.
Одделни воздушни напади вчера се изведени и во турската југоисточна покраина Дијарбакр и покраината Хакари.
Воените авиони уништија 20 ПКК позиции во југоисточна Турција, вклучувајќи засолништа, складишта за оружје, соопштија Турските вооружени сили.
ПКК, која се наоѓа на листата на терористички организации на Турција, САД и ЕУ, ја продолжија 30-годишната вооружена кампања против Турција во јули 2015 година.
Оттогаш скоро 600 припадници на безбедносните сили ги изгубија своите животи а над 7.000 терористи на ПКК беа убиени во операциите низ Турција и северен Ирак.