Zafer Fatih Beyaz
13 Февруари 2016•Ажурирај: 14 Февруари 2016
АНАКАРА (АА) - Турските вооружени сили возвратија денес на огнот упатен од положбите на терористичката организација ПЈД (PYD), огранокот на терористичката организација ПКК, потврдија воените извори, јавува Anadolu Agency (AA).
Турските вооружени сили ги гранатираа положбите на терористите ПЈД/ПКК во Маранас кој се наоѓа во југозападниот дел на населбата Азез недалеку од Алепо во Сирија, откако терористите го гранатирале подрачјето околу базата Акџабаглар во Турција. Турската војска возврати со артилериски оган во склад со правилата за аранжманот.
Покрај тоа, минофрлачки проектил испукан од положбите на силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад, падна денес во 14:45 часот по локално време во близина на полициската станица Чалибогази во турскиот Хатај. Турската војска возврати со артилериско оружје.