Mümin Altaş
13 Септември 2016•Ажурирај: 14 Септември 2016
АНКАРА (АА) - Во руралниот дел на Даглиџа, во покраината Хакќари, турските вооружени сили изведоа воздушни акции во кои се уништени подвижни цели, а неутрализирани се 7 членови на терористичката организација, јавува Anadolu Agency (AA).
Турскиот Генералштаб информира дека воени авиони на Командата на воздушните сили извеле акции во подрачјето меѓу Даглиџа и Аландуз.
Во акциите се уништени 3 подвижни цели и едно засолниште, а неутрализирани се 7 терористи.
По успешната акција, авионите се вратиле во базата.