Çiğdem Alyanak
13 Септември 2016•Ажурирај: 13 Септември 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во своето обраќање по повод бајрамската свеченост во Конгресниот центар Халич во Истанбул истакна дека обидот за државен удар на ФЕТО е исто со акциите што ПКК ги изведува во одредени градови во југоисточна Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
„Обидот за државен удар од 15 јули е продолжение на предавството на ФЕТО од 17-25 декември, и е исто со акциите што ПКК ги започна во некои од нашите градови на југоистокот од државата. Продолжеток на овие акции на ПКК е 15 јули. Некои општини, кои се заложници на ПКК, одиграа активна улога во крвавите напади на терористичката организација. Избраните области и градови, наместо да ги дадат своите услуги и можности за народот од кој се избрани, претседателите на општините кои биле под команда на терористичката организација, наместо да ја извршуваат јавната фунција која им била доделена, биле слуги на терористите. Државата не е должна да обезбедува средства за некого што презема активности против неа. Во вакви случаи, правниот систем е должен да го направи потребното, за да се откријат направените отстапувања во работата“.
Во овој контекст Ердоган додаде: „Од функција се разрешени 28 претседатели на општини. Некои велат ‘Како можат да се разрешат од функција оние кои се избрани на избори?’. И тoa како може. Изборот не ви дава дискреционо право неограничено да работите против државата и народот. Ќе работите во рамките за должностите кои ви се дадени, и наместо достапната машинерија и државни пари и можности да ги користите за изградба на канали за вода за пиење, канализациони канали, електрична инфраструктура, инфраструктура за природен гас, во целост ги користите за терористички цели, тогаш не само судството, целиот правен систем ќе истражува за овие приходи.“
Во однос на терористичката организација ФЕТО тој истакна: „Мораме оваа терористичка организација, која ја викаат ФЕТО, да ја донесеме во состојба да не се обиде повторно да изврши подлост врз народот. Оваа борба им ја препуштаме на институциите. Досега поминавме значителен пат, но пред нас сѐ уште стои долг пат кој треба да го изминеме.“
Тој нагласи дека во обидот за државен удар учествувале припадници на терористичката организациија ФЕТО, и дека истиот не претставува конечен исход туку е една фаза во процесот.
„Се разбира дека во обидот за државен удар учествуваа членовите на терористичката организација ФЕТО. Знаме дека играта е голема. Обидот од 15 јули не е конечен исход, тој е само една фаза во процесот. Тука не станува збор да се направи хаос само во Турција. Направија ли хаос во Ирак? Направија. Направија ли хаос во Сирија? Направија. Авганистан, Египет... На ист начин се направи хаос во Тунис, Либија. Оваа состојба продолжува. Играта се игра во исламскиот свет. Играта се игра во муслиманските земји. Нашиот народ од нас бара и очекува од корен да ја расипеме оваа игра“.