Fatih Çakmak,Sarp Özer
08 Јуни 2016•Ажурирај: 09 Јуни 2016
АНКАРА (АА) - Турските вооружени сили вчера, по лоцирањето на позициите на бункерите и засолништата на сепаратистичката терористичка организација, извршија воздушен напад на северот од Ирак, во областа на Кандил и врз терористичка група која е забележана во околината на селото Лиџе, во Дијарбакир, Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Според безбедносни извори, синоќа, во периодот од 23:59 до 00:20 часот по локално време, во областа на Кандил, на северот од Ирак, воените авиони на турското воено воздухопловство извеле воздушен напад и уништиле девет засолништа и бункери.
Од друга страна, вчера, турското воено воздухопловство според добиените информации, во периодот од 11:41 до 12:27 часот изврши воздушен напад во околината на селото Лиџе во Дијарбакир, Во акцијата, лоцираните четири цели во областа, припадниците на сепаратистичката терористичка организација и нивните засолништа, биле уништени.