İsmail Fidan
07 Јуни 2016•Ажурирај: 08 Јуни 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Четири лица се приведени поради сомнеж за поврзаност со утринскиот терористички напад во центарот на Истанбул, јавува Anadolu Agency (AA).
Турската полиција приведе четири лица за кои постои сомнеж дека се поврзани со терористичкиот напад кој се случи утринава во Истанбул.
Во терористичкиот напад врз полициско возило извршен со автомобил-бомба, загинаа 11 лица, меѓу кои седум полицајци и четири цивили. Во нападот ранети се 36 лица, меѓу кои две лица се наоѓаат во критична состојба.