Sinan Uslu
25 Ноември 2016•Ажурирај: 26 Ноември 2016
АНКАРА (АА) - Турските вооружени сили (ТВС) во рамките на операцијата Штитот на Еуфрат, во северниот дел од Сирија, извршиja напад врз 7 позиции на терористичката организација ДЕАШ, при што се уништени 2 згради на седиштата на организацијата, 3 одбранбени позиции, едно борбено возило и еден магацин со оружје. Во судирите загина еден војник, додека 5-мина се полесно ранети, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите добиени од ТВС, во тек е 94. ден од операцијата Штитот на Еуфрат која започна на 24. август на северот со Сирија, со цел да се елиминираат заканите од терористичките организации, првенствено ДЕАШ на границата, зголемување на безбдноста на границата и давање поддршка на коалиционите сили.
Во рамките на операцијата, во тек е акцијата на армијата на Умерената сириска опозиција (УСО) за ослободување на Ел Баб од терористичката организација ДЕАШ. Елементите на ТВС, им дава силна копнена о воздушна поддршка на армијата на УСО.
За време на акцијата, загина еден војник, додека 5-мина се полесно ранети. Мали оштетувања добија две оклопни борбени возила и едно оклопно возило за транспорт на воениот персонал. Во судирите загинаа четворица членови на УСО, додека 25-мина се ранети.
Во нападите биле гранатирани 94 позиции на терористичката организација ДЕАШ, скривалишта, одбранбени позиции, командни и контролни објекти, оружје и муниција и борбени возила.
Командата на воздухопловните сили изврши напади вр 7 позиции на терористичката организација ДЕАШ во околината на Бараках, Анифах и Абу Хаји. Во воздушните напади се уништени 2 згради на седиштата на организацијата, 3 одбранбени позиции, едно борбено возило и еден магацин со оружје.
Продолжуваат активностите на безпилотните летала за извидување и надзор околу границата со Сирија.
Опозициските елементи, од почетокот на операцијата досега, воспоставија контрола врз 1.820 килоемтри квадратни, при што се деактивирани 40 мини и 1.758 рачно изработени експлозивни направи.