Esra Tekin
08 Март 2024•Ажурирај: 09 Март 2024
ИСТАНБУЛ (АА) – Турските вооружени сили неутрализираа 13 терористи на ПКК/ЈПГ во Северен Ирак и Северна Сирија, соопшти турското Министерство за одбрана, пренесува Анадолу.
Шестмина од терористите се неутрализирани во Северен Ирак, а седуммина во регионот на операцијата „Штитот на Еуфрат“ во Северна Сирија, истакна Министерството на платформата Х.
Министерството, исто така, додаде дека нема „бегање од неизбежната судбина што ги чека терористите“.
Терористите на ПКК често се кријат во Северен Ирак, каде што планираат прекугранични напади во Туркије.
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, која е ставена на листата на терористички организации од страна на Туркије, САД и Европската Унија, е одговорна за смртта на повеќе од 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.
ЈПГ е сириски огранок на ПКК.
Анкара започна три успешни антитерористички операции од 2016 година преку својата граница во Северна Сирија за да спречи формирање терористички коридор на ПКК/ЈПГ и да овозможи мирно враќање на жителите: „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018) и „Извор на мирот“ (2019).