Ekipa
21 Септември 2016•Ажурирај: 22 Септември 2016
АНКАРА (АА) - Припадниците на турската полиција го раниле во ногата и го неутрализирале мажот кој со нож во раката предизвика инцидент пред зградата на израелската амбасада во Анкара, јавува Anadolu Agency (AA).
Откако осомничениот за обид за напад врз израелската амбасада не се одѕвал на повикот на полицијата да го фрли ножот и да се предаде, полицијата го ранила во пределот на ногата.
Ранетиот осомничен притоа е префрлен и хоспитализиран во болницата „Нумуне“ во Анкара.
По инцидентот, улиците во близина на израелската амбасада се блокирани, а на местото на настанот се упатени полициските и другите надлежни екипи.
Истрагата за случајот е во тек, а предмет на истрагата е и торба којашто наводно му припаѓала на осомничениот.
Израелската амбасада ја поздрави денешната реакција на турската полиција