Sarp Özer
12 Октомври 2016•Ажурирај: 13 Октомври 2016
АНКАРА (АА) - Во вчерашните борби и воздушни напади во западниот дел на Сирија, коишто беа извршени во рамките на операцијата „Штитот на Еуфрат“, беа неутрализирани 47 припадници на терористичката организација ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Турските безбедносни сили објавија дека продолжува операцијата „Штитот на Еуфрат“ и во 50-иот ден од нејзиното започнување на 24 август, со цел да се поддржат коалициските сили и да се зголеми безбедноста на границите со уништување на терористичката организација ДЕАШ и другите терористички организации.
Во вчерашните борби, во рамките на операцијата загинаа 19 терористи на ДЕАШ, а од друга страна, загинаа 8 припадници на Слободната сириска армија, а 22 беа повредени.
Во рамките на оваа операција беа уништени 77 цели на ДЕАШ, идетификувани преку разузнавачките служби и надзорот. Целите беа уништени со употреба на хаубици, тенкови, минофрлачи, ракетни фрлачи и слично.
Коалициските сили, пак, против ДЕАШ извршија 9 воздушни операции во Кафарах, Дувајбик, Ваках и Аршак, при што беа неутрализирани 28 терористи. Покрај ова, беше уништен и еден автомобил и 3 згради.
Воените авиони на Командата на воздухопловните сили исфрлија 6 бомби врз 6 цели во Ихтималат и Дувајбик. Со 4 ракети беше уништена и зградата којашто од страна на ДЕАШ се користела како команден и контролен центар.
Исто така, во исчистените области од ДЕАШ од страна на тимовите за пронаоѓање и уништување експлозивни материјали беа уништени 13 рачни експлозиви. Така, од почетокот на операцијата досега, уништени се вкупно 28 мини и 1.036 рачни експолозиви.
Продолжува зголемувањето на безбедносните мерки во просторот од 100 квадратни километри контролирани од страна на опозицијата.