İsmail Özdemir
26 Август 2016•Ажурирај: 27 Август 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган телефонски разговараше со претседателот на Русија Владимир Путин, јавува Anadolu Agency (AA).
Од информациите добиени од претседателството, на средбата покрај раговорите околу билатералните односи на двете земји, станало збор и за развојот на ситуацијата во Сирија и борбата со тероризмот.
Двајцата лидери кои во заедничкиот разговор ја истакнале одлуката за нормализирање на односите меѓу двете земји и се согласиле за потребата од забрзување на напорите за испорака на хуманитарната помош за Алепо.
Претседателот Ердоган во разговорот го информираше претседателот на Русија Путин за операцијата „Штитот на Еуфрат“ и од аспект на безбедноста на областа, истакна дека заедничката борба против сите терористички организации, првенствено против ДАЕШ е од големо значење.
Се дознава дека претседателот на Турција Ердоган и претседателот на Русија Путин се согласиле на Самитот на Г-20 во Кина да остварат билатерална средба.