Meltem Bulur,Ecenur Çolak
26 Август 2016•Ажурирај: 27 Август 2016
АНКАРА (АА) - Премиерот на Турција Бинали Јилдирим и премиерот на Бугарија Бојко Борисов, по билатералната средбата во премиерската работна канцеларија во Долмабахче, одржаа заедничка прес-конференција. Премиерот на Бугарија Бојко Борисов истакна дека турските вооружени сили (TSK) со заедничките специјални сили и воздушните коалициони сили, со операцијата „Штитот на Еуфрат“ успеаа да спречат можен 2 милионски мигрански бран од областа на градот Џарабулус во Сирија, кој е во близина на границата со Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
По двојната средба на премиерите на Турција и Бугарија, беше одржана прес-конференција, на која премиерот на Бугарија Борисов им изрази сочуство на турскиот народ, особено на семејствата на загинатите.
Премиерот на Бугарија Борисов рече дека е во посета на Турција за да учествува на отворањето на третиот мост на Босфор, мостот "Јавус Султан Селим", додадвајќи дека Бугарија има добри односи со Турција.
- „ Детално разговаравме за проблемите со бегалците"
Премиерот Борисов рече дека со својот турски колега по сите прашања разговарале на еден отворен начин, и во тие рамки, проблемот со бегалците го разгледале подетално.
„Турција досега оневозможи 26.000 илегални пемини кон Европа. Му се заблагодарувам на почитуваниот Јилдирим за заедничките гледишта во врска со бегалската криза", рече премиерот на Бугарија Борисов и продолжи:
„Турските вооружени сили, заедно со колиционите сили на границата со Сирија, во областа на Џарабулус ја изведоа операцијата „ Штитот на Еуфрат", и успеаа да спречат можен 2 милионски мигрански бран. Турција згрижи околу три милиони бегалци, Европа треба да направи многу сериозна анализа. До кога Турција ќе може да го спречува овој бегалски проток? Бугарија и Грција се земји кои се најзагрозени по ова прашање. Тука всушност, главна цел е усогласување на соседните земји. Солидарноста е многу важна и месеците кои претстојат ќе бидат многу тешки и напорни. Се надевам дека до една заедничка соработка и ЕУ и Турција ќе дојдат до заедничко решение и ќе излеземе од тешката ситуација. Се разбира дека договорот од месец март меѓу ЕУ и Турција го намали протокот на бегалци. Дипломатите веќе мораат да најдат решение. Војната не е добро работа и доколку не најдеме некое решение, голема е веројатноста да избие војна. Бугарија не прифаќа да биде тампон меѓу Турција и Европа".
Премиерот Јилдирим, во врска со анализата на списанието Дер Спигел за операцијата Штитот на Еуфрат, рече:
„Изгледа дека ова списание живее на друга планета или свесно прави лажни вести. Ако не знаат многу, првин нека ги чујат изјавите на заменик претседателот на САД, на претставниците на ЕУ и на сите други земји во светот и според тоа нека објават вести."
Турскиот премиер Јилдирим истакна дека уште од самиот почеток на обидот за државен удар, бугарската влада, како блиска држава, на еден отворен начин даде своја поддршка за иднината на турскиот народ и турската демократија и затоа му се заблагодари на својот бугарски колега и на бугарскиот народ, за дадената поддршка.
Во продолжение на своето обраќање Јилдирим изјави:
„Со Бугарија немаме проблем кој не можеме да го решиме, како што тоа го решававме и во минатото. Европа треба да се соочи со заканата. Ситуацијата во Сирија и Ирак станува се полоша. За да не се случи нов бегалски бран ги презедовме потребните меркина јужната граница. Ги расчистуваме терористите на ДАЕШ и другите терористички организации за да може цивилното население да се врати во своте домови и да нема нов бегалски бран. Но потребно е под хитно ЕУ да најде решение за овој проблем. На оваа тема имавме долг разговор со почитуваниот бугарски премиер. Се надевам дека ЕУ е свесна за проблемот и ќе ги направи потребните чекори."
Премиерот Јилдирим му се заблагодари на бугарскиот премиер Борисов што учествува на отворањето на третиот мост на Босфор кој ќе ги поврзе земјте од балканот со Далечниот Исток
- Одлука за заедничко решавање на проблемот со бегалците
На едно прашање од новинарите, дали Турција разислува да потпише билатерален договор со Бугарија во врска со бегалците од Сирија, премиерот на Турција Јилдирим одговори: „ Турција и Бугарија донесоа одлука за намалување на проблемите на Бугарија со бегалците, со остварување на билатерална соработка. Колку и да доцни одлуката која треба да ја постигнеме со ЕУ, се надеваме дека таа ќе биде постигната до месец октомври, бидејќи тоа е законска обврска. Дотогаш, ќе ја интензивираме соработката со Бугарија и ќе се потрудиме да ги направиме конкретните чекори и за решавање на проблемот", истакна турскиот премиер Јилдирим.