Ata Ufuk Şeker
04 Ноември 2017•Ажурирај: 05 Ноември 2017
БРИСЕЛ (АА) -Европскиот комесар задолжен за хуманитарни прашања, Христос Стилијанидес го посети Бангладеш каде се наоѓаат стотици илјади аракански муслимани и порача дека можеби единствен израз кој тука може да се користи е етничко чистење, јавува Anadolu Agency (AA).
„Се согласувам со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, можеби единствен израз кој тука можеме да го употребиме е етничко чистење“, изјави Стилијанидес по посетата на Банглдеш.
Посетата ја изврши со цел да ја оцени состојбата на бегалците кои спас од насилствата во Аракан пронајдоа во соседен Бангладеш.
Стилијанидес изјави дека е потребно да се убеди владата на Мјанмар да ги почитува правата на сите граѓани. Тој нагласи дека е им е потребна сериозна помош на араканските муслимани кои се наоѓаат во Бангладеш.
Мјанмарската војска од крајот на август спроведува различни тортури над муслиманите на ова подрачје. Не дозволуваат влез на ова подрачје па не се знае точниот број на смртно настраданите. Меѓу цивилите кои спас пронајдоа во соседен Бангладеш 60 отсто се деца. Во различни улови се обидуваат со родителите да преминат во Бангадеш и привремено да се смстат во некои од камповите во кои според податоците животните услови се многу лоши.
Во нападите кои мјанмарската војска од 25 август ги извршува во Аракан под изговор на борбата против вооружените милитанти настрадаа повеќе илјади лица. Поради тоа што мјанмарската администрација не дозволува влез во споменатото подрачје, невозможно е да се утврди точниот број на жртвите.
Во нападите кои прераснаа во етничко чистење запалени се околу 300 села, а во Бангладеш од Аракан избегаа повеќе од 600.000 муслимани. Илјадници од нив и понатаму бараат начини за да се побегне во Бангладеш.