Hakan Çopur
04 Ноември 2017•Ажурирај: 04 Ноември 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Националниот архив на САД на јавноста и овоможи пристап до 676 нови документи поврзани со атентатот врз 35. претседател на САД, Џон. Ф. Кенеди, извршен во 1963 година, јавува Anadolu Agency (AA).
Националниот архив на САД соопшти дека меѓу новообјавените документите, 553 се записи на Централната разузнавачка агенција (ЦИА) кои биле чувани во тајност.
Со последните објавени документи, по 3. пат во 2017 година се објавуваат документи поврзани со атентатот на Кенеди. Од друга страна, околу 300 документи сѐ уште се чуваат во тајност од безбедносни причини.
Со инструкции од претседателот на САД, Доналд Трамп, на 28 октомври 2017 година, на интернет се објавени 2.891 документ поврзан со атентатот на Кенеди, кои досега беа чувани во тајност. Трамп посакал без задоцнување, да се дадат информации и за преостанатите документи. Според тоа, до 26 април 2018 година, со извршени потребни корекции, на јавноста ќе и бидат достапни и останатите документи.
Тој соопшти дека чувствителните документи поврзани со атентатот на Кенеди ќе бидат објавени откако ќе биде извршена нивна проценка од страна на Федералното истражно биро (ФБИ) и ЦИА.
Пристап до документи поврзани со атентатот на Кенеди е можен преку интернет страницата 'archives.gov' на Националниот архив на САД.
Според законот за документите поврзани со атентатот на Кенеди, кој беше изгласан во 1992 година, потребно е во тек на 25 години со јавноста да се споделат милиони документи, кои воглавно им припаѓаат на ФБи и ЦИА. Националниот архив на САД соопшти дека од големиот број документи кои ги поседувата, некои од нив можат да се објават само со одобрение на претседателот, поради доверливоста на податоците.