Zehra Ulucak
04 Ноември 2017•Ажурирај: 04 Ноември 2017
ПАТНА (AA) - Најмалку три лица загинаа, а шест се повредени во стампедо во текот на верскиот обред во Индија, јавува Anadolu Agency (AA).
Стампедото се случи во текот на верскиот обред во реката Ганг. Индијците веруваат дека со капење во светата река се чистат од гревовите. Полицијата наведува дека повредените лица се хоспитализирани и дека се истражува причината за оваа несреќа.
Во текот на верскиот фестивал не се преземаат доволни безбедносни мерки и поради тоа често доаѓа до слични ситуации.
И во текот на фестивалот во октомври 2013. година дојде до стампедо во кое животот го загубија повеќе од 110 лица, од нив највеќе жени и деца.