Khalaf Rasha
04 Ноември 2017•Ажурирај: 04 Ноември 2017
МАДРИД (AA) -Судот во Шпанија издаде европски налог за апсење на сменетиот каталонски лидер Карлос Пуџдемон кој моментално се наоѓа во Брисел, јавува Anadolu Agency (AA).
Судијката Кармен Ламела издаде налог за апсење на Пуџдемон и четворица поранешни министри.
Од друга страна, Пуџдемон вечерва изјави дека сака да биде кандидат на изборите на 21 декември, но од Белгија.
Потсетуваме, Судот во Шпанија во четврток донесе одлука за притвор без можност за кација за сменетиот каталонски потпретседател и седум министри обвинети за прогласување на независност на Каталонија.
Во четврток девет поранешни членови на каталонската влада сослушани се на суд во Мадрид, после што државното обвинителство за нив осум побара притвор.
Судијката Кармен Ламела го прифати предлогот, дозволувајќи му единствено на Санти Вили, поранешен министер задолжен за претрпијатија, плаќање на кауција од 50 илјади евра за да избегне затвор.
Судијката истакан дека обвинетите повеќе од две години планирале и свесно работеле на извршување на кривичното дело, додавајќи дека со оглед на нивната позиција, лесно можат да избегаат од Шпанија.
Притворените функционери се обвинети за бунт против шпанскат адржава, непослушност и користење на пари за организирање на референдум и активности кои не се во согласност со шпанскиот устав.
Им се закануваат затворски казни од 30 години.