Dildar Baykan
03 Ноември 2017•Ажурирај: 04 Ноември 2017
АНКАРА (АА) - Поранешниот севернокорејски дипломат Тае Јонх-Хo, кој доби азил во Јужна Кореја, изјави дека во својата земја живеел како модерен роб, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што јавува „CNN“ (Си-ен-ен), поранешниот севернокорејски дипломат кој ја извршуваше должноста помошник-амбасадор во Лондон, а во 2016 година доби азил во Јужна Кореја, изјави дека со години бил соочен со голема дилема меѓу немилосрдната комунистичка партија којашто управува со неговата земја и земјата на слободата во којашто ја извршувал должноста.
Поранешниот дипломатТае изјави дека лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун има низа проблеми во водењето на земјата и додаде дека токму поради тоа, Ким Џонг-ун одлучил на целиот свет да му покаже колку немилосрден човек е, така што секој ќе се плаши од него.
Нагласувајќи дека во својата земја живеел како модерен роб, Тае рече: „Не сакав моите синови да живеат како мене“.
Сепак, иако неговите синови долго време живееле сонувајќи за слобода, без ропството присутно во Пјонгјанг, Тае изјави дека тие сепак не се согласиле да живеат во Јужна Кореја.
На крајот додаде дека можноста за воена операција е многу голема, и оти сите страни треба да се држат што подалеку од нуклеарен судир.