политика

Спикерот Гаши на средби во Вашингтон, во фокус продлабочувањето на стратегиското партнерство со САД

На средбите потврдено е непоколебливото партнерство меѓу двете земји „изградено врз заеднички демократски вредности, посветеноста на владеењето на правото, борбата против корупцијата и на меѓународниот мир и стабилност“

Elena Trenchevska Chekovic  | 05.02.2026 - Обновена : 05.02.2026
 Спикерот Гаши на средби во Вашингтон, во фокус продлабочувањето на стратегиското партнерство со САД Фото: Собрание на РСМ

СКОПЈЕ (АА) – Претседателот на Собранието на Северна Македонија, Африм Гаши, оствари средба со заменик-помошникот секретар во Бирото за европски и евроазиски прашања на Стејт департментот на САД, Даниел Џ. Лотон, јавува Анадолу.

Гаши престојува во работна посета на Вашингтон, Соединетите Американски Држави (САД).

На средбата со Лотон, според соопштението на Собранието, потврдено е непоколебливото партнерство меѓу двете земји „изградено врз заеднички демократски вредности, посветеноста на владеењето на правото, борбата против корупцијата и на меѓународниот мир и стабилност“.

Соговорниците размениле мислења за актуелните геополитички настани, безбедносните предизвици и конструктивната улога на Република Северна Македонија како фактор на стабилност во Западен Балкан.

„Претседателот Гаши информираше за континуираните напори за полноправна интеграција во Европската Унија и изрази благодарност за континуираната поддршка од САД во процесот на реформите“, се вели во соопштението.

Гаши на средбата е придружуван од потпретседателите на Собранието, Антонијо Милошоски и Јован Митрески, како и од владина делегација на Северна Македонија, составена од министерот Стефан Андоновски, Златко Пирински и генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев.

По средбите во Вашингтон, претседателот Гаши остварил пријателска средба и со Филип Рикер, поранешен амбасадор на САД во Северна Македонија, со кого е разговарано за неодамнешните политички случувања и продлабочувањето на стратегиското партнерство со САД.​​​​​​​

На средбите се потврдени одличните билатерални односи и заедничката посветеност за продлабочување на трансатлантската соработка.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.