Bahattin Gönültaş
04 Ноември 2017•Ажурирај: 05 Ноември 2017
АНКАРА (АА) - Најголемите економии во светот, САД, Јапонија и Кина, се наоѓаат на првите три места на 'глобална листа на долгови на влади', јавува Anadolu Agency (AA).
Според податоците на Меѓународниот монетарен фонд (ИМФ), вкупниот долг на владите во светот изнесува 63 трилиони долари. Долгот на САД, Јапонија и Кина изнесува 58,5 отсто од овој износ.
САД се наоѓа на врвот на 'глобалната листа на долгови на влади' со 19,94 трилиони долари. Долговите на САД изнесуваат 32 отсто од вкупните долгови на владите во светот.

Поголемиот дел од долговите на САД се сведуваат на долгови кон раководствата на сојузните држави, банки, осигурителни компании, инвестициски фондови, пензиски фондови и долгови кон Фед (Федерални резерви на САД). Долгот на САД, која има годишен приход од 18,5 трилиони долари се пресметува како 107 отсто од нејзиниот национален приход.
На второ место со долг од 11 трилиони долари се наоѓа Јапонија, заземајќи 18,8 отсто од вкупниот светски долг.
Долгот на владата на Кина изнесува 5 трилиони долари и овој долг претставува 8 отсто од вкупниот светски долг. Долговите на Кина и Јапонија воглавно е составени од долг во матичната парична единица и долг кон своите граѓани.
На 4. место се наоѓа Италија со долг од 2 трилиона и 454 милијарди долари, додека на 5. место е Франција со долг од 2 трилиона и 375 милијарди долари. Долгот на Италија опфаќа 3,9 отсто, а Франција 3,8 отсто од вкупниот светски долг.
Од друга страна, според сооднос со националниот доход, Јапонија е најзадолжена земја со сооднос од 240 отсто. Нејзе ја следи Грција со 181,6 отсто, а трет е Либан со 148,7 отсто. Италија е на четвртото место со 132,6 отсто, додека Португалија има сооднос од 130.3 отсто.
Според податоците од подсекретаријатот за финансии на Турција, долгот на централната влада на оваа земја закључно со септември оваа година изнесува околу 230 милијарди долари, што претставува о,4 отсто од глобалниот долг на владите во светот. Долгот на Турција, гледан во сооднос со националниот доход изнесува под 30 отсто.