култура и уметност

Спој на култура и авантура: Подводен музеј во Турција стана вистинска туристичка атракција

Сместен на дното на морето, на длабочина од 11 до 24 метри, музејот во моментот има 117 експонати кои зборуваат за богатото културно-историско наследство на Анадолија

Şebnem Coşkun  | 04.11.2019 - Обновена : 05.11.2019
Спој на култура и авантура: Подводен музеј во Турција стана вистинска туристичка атракција

ИСТАНБУЛ (АА) - ШЕБНЕМ ЏОШКУН - ОЗГЕ ЕЛИФ КИЗИЛ –

Подводниот музеј на дното на Средоземното Море е сè поголема туристичка атракција во Турција, а станува збор за музеј кој се наоѓа во местото Сиде кај Анталија, јавува Anadolu Agency (AA).

Подводниот музеј во Турција е отворен на 31 октомври 2015 година, во рамките на активностите на Поморската трговска комора ИМЕАК (IMEAK).

Сместен на дното на морето, на длабочина од 11 до 24 метри, музејот во моментот има 117 експонати кои зборуваат за богатото културно-историско наследство на Анадолија.

Музејот од брегот во Сиде е оддалечен 2,4 километри, а посетителите доживуваат и адреналински предизвик бидејќи нуркаат со врвна опрема и во придружба на лиценцирани куратори и нуркачи.

Во изминатите три години Подводниот музеј во Сиде го посетија 50.000 лица, а пензионираниот командос на Турската морнарица и еден од основачите на музејот, Ахмет Ѓулајдин, за АА изјави дека музејот станал важна туристичка атракција за промоција на Сиде како единствена оаза за нуркање.

„Сиде е особено богато со подводни ресурси и атракции. Пред 10 години тука потопивме и еден брод на Крајбржната стража. Годишно во Сиде доаѓаат околу пет милиони туристи. Сакавме на тие туристи да им понудиме нешто ново, нешто единствено. Проектот на музејот го поддржа Агенцијата за развој на Западен Медитеран“, изјави Ѓулајдин.

Скулптурите во музејот се однесуваат на неколку теми кои се важни во историјата на Турција, вклучувајќи ја Битката во Чанаккале, Мевлана и танцот на дервишите, Војната за независност на Турција и караваните од камили со кои некогаш од Сиде во Анкара е носено жито, а во Сиде донесувана сол.

Во музејот на дното на морето е поставено и цвеќе во знак на сеќавање на децата и луѓето кои настрадале во Средоземното Море за време на мигрирањето од Сирија.

Со 117 експонати, Подводниот музеј во Сиде е втор најголем таков музеј на светот, а поголем постои само во Мексико, каде што се изложени 400 експонати.

„Сезоната на нуркање во Сиде трае седум месеци годишно. Во светот има три милиони сертифицирани нуркачи авантуристи кои претежно ги посетуваат Малдивите, Египет, Бали, Тајланд или Мексико. Наша цел е да ги доведеме во Сиде“, изјави Ѓулајдин.

Тој рече дека посетителите најмногу внимание посветуваат на скулптурата на Посејдон која е тешка пет тона и висока три и пол метри, и како таква е најголем експонат во музејот.

На прашањето кој експонат му е најомилен, Ѓулајдин изјави дека тоа е сирената што ја нарачал по изгледот на неговата сопруга, која имала фобија од нуркање, и која по сирената експонат сепак решила да се соочи со нејзиниот страв и да се нурне во длабочините на морето.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın