култура и уметност

Демонстрантите во Багдад со сликање на ѕидови ја критикуваат ситуацијата во земјата

Покрај тунелот, и на ѕидовите на зградите околу плоштадот Тахрир се слики и карикатури кои симболизираат октомвриски протести и ја критикуваат Владата

Haydar Karaalp  | 02.11.2019 - Обновена : 04.11.2019
Демонстрантите во Багдад со сликање на ѕидови ја критикуваат ситуацијата во земјата (Foto: Haydar Karaalp/Anadolu Agency)

БАГДАД (AA) - Хајдар Каралап

Демонстрантите во Багдад, во главниот град на Ирак, со слики и карикатури на ѕидовите на тунелот на плоштадот Тахрир, ги изразуваат своите мислења и ја критикуваат ситуацијата во земјата, јавува Anadolu Agency (AA).

Група млади демонстранти со црно-бели слики и карикатури по ѕидовите на тунелот ги изразуваат своите мислења и реагираат на повторните антивладини демонстрации, кои повторно почнаа на 25 октомври.

Лина Муса за АА порачува дека продолжуваат со мирните демонстрации.

„Сликите и карикатурите се дел од тоа. Сакаме да му покажеме на светот дека се народ кој ја живее уметноста и кој сака", додаде Муса.

Покрај тунелот, и на ѕидовите на зградите околу плоштадот Тахрир се слики и карикатури кои ги симболизираат октомвриските протести и ја критикуваат владата.

Десетици илјади демонстранти од почеток на минатиот месец одржуваат масовни антивладини протести во Багдад и во други ирачки градови. Незадоволни со високата стапка на невработеност, лошите јавни услуги и сервиси, како и со корупцијата на актуелната власт.

Во текот на протестите многу често избувнуваат нереди на улиците. Според податоците на Светската банка, во Ирак стапката на невработеност на млади порасна на 25 отсто, а Ирак се наоѓа на 12 место на најкорупмираните држави во светот.

Според податоците на Обединетите нации од 1 октомври до денес, во протестите смртно страдаа 229 лица, а повредени се околу 8.000.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın