Seyyid Emin
02 Ноември 2019•Ажурирај: 03 Ноември 2019
СКОПЈЕ (АА) – Со поддршка на Министерството за култура на Северна Македонија, вечерва, Сојузот на турски невладини организации во Северна Македонија – МАТУСИТЕБ вечерва го организираше „Петтиот меѓународен фестивал на турската поезија - Јахја Кемал Бејатли“, јавува Anadolu Agency (AA).
Во рамките на програмата која се одржа во Даут-пашиниот амам, присуствуваа министерот за култура на Северна Македонија, Хусни Исмаили, пратеничката од Азербејџан, Ганире Пашајева, потсекретарот на Турската амбасада и заменик-шеф на мисијата, Умут Љутфи Озтурк, претседателот на МАТУСИТЕБ, Хусрев Емин, како и претставници на турските институции во земјата. Исто така, на настанот присуствуваа и поети и љубители на поезијата од Северна Македонија, Косово, Азербејџан, Грузија, Бугарија, Романија и Босна и Херцеговина.
Во изјавата за медиумите, Исмаили истакна дека е многу среќен што присуствува на овој настан.
„Мислам дека вечерва е многу значајно тоа што програмата се организира во име на големиот поет Јахја Кемал Бејатли, со ова му се оддава значајна почит и чест што тој ја заслужува“, рече Исмаили.
Посочувајќи дека поетскиот фестивал е проширен на меѓународно ниво и дека оваа година има учество од повеќе земји, Исмаили додаде: „Се надеваме дека во наредните години овој број и претставниците на земјата ќе се зголемат.“
Тој нагласи дека Министерството за култура на Северна Македонија, ја даде потребната поддршка на фестивалот Исмаили истакна дека поддршката ќе продолжи и во наредните години.
Потсекретарот на Турската амбасада во Скопје и заменик-шеф на мисијата, Умут Љутфи Озтурк истакнувајќи дека е задоволен што присуствува на оваа програма рече дека поетскиот фестивал има за цел да го прошири турскиот јазик и да обезбеди истиот да се употребува.
Истакнувајќи дека е многу задоволен од фестивалот кој го носи името на славниот поет Јахја Кемал Бејатли, Озтурк истакна: „Името Јахја Кемал Бејатли е многу вредно и навистина е многу значајно тоа име секаде, и на овој начин да биде споменуван. Инаку некои терористички центри, го споменуваат неговото име во таканаречените училишта. Тоа за сите нас е срамно.“
Пратеничката од Азербајџан, Ганире Пашајева рече дека носи поздрави од Азербејџан за сите граѓани што живеат во Скопје и различни делови на Северна Македонија и додаде дека секој човек од турската етничка заедница каде и да е роден, каде и да живее, го сака Јахја Кемал Бејатли.
Истакнувајќи дека Бејатли е еден од најголемите поети кои многу допринеле во литературата Пашајева рече дека ваквите активности се од голема значење и дека имаат голема вредност.
Меѓу другото, Пашајева рече дека улогата на поетите во единството во турскиот свет е голема и додаде: „Бидејќи тие се душата на општеството, тие се значајни луѓе во зајакнувањето на духот и срцето на едно општеството.“
Претседателот на МАТУСИТЕБ, Хусрев Емин, информираше дека поетскиот фестивал е поддржан од Министерството за Култура на Северна Македонија. „Како Сојузот на турски невладини организации во Македонија го организираме поетскиот фестивал Јахја Кемал Бејатли, во неговото родно место за да него го разбереме подобро. Исто така и за да одржиме во живот турскиот јазик и турската поезија", рече Емин.
Програмата продолжи со читање на поезија од страна на поетите од различни земји, а Турското здружение за култура и уметност „Догри јол“ од Косово одржа концерт.
Институтот „Јунус Емре“ во Скопје во рамките на фестивалот отвори изложба од фотографии на Јахја Кемал Бејатли.