Seyyid Emin
01 Ноември 2019•Ажурирај: 02 Ноември 2019
ГОСТИВАР (АА) – Со поддршка на Институтот „Јунус Емре“ во Скопје, синоќа во Гостивар беше прикажана театарската претстава „Сарикамиш бела тага“, јавува Anadolu Agency (AA).
На претставата во изведба на театарската работилница „Ојунбозан“ присуствуваа Серхат Кула, директор на Институтот „Јунус Емре“ во Скопје, Јашар Елмас, уметнички директор на работилницата „Ојунбозан“, студенти и голем број граѓани.
Серхат Кула во изјавата за медиумите истакна дека театарската претстава е изведена во три града во Северна Македонија и дека претставата во Гостивар е последната.
Истакнувајќи дека театарската публика во Гостивар се запознала со темата Сарикамиш, Кула нагласи: „Во рамките на дводневната програма првата претстава ја прикажавме во Скопје, потоа во Тетово и последната во Гостивар. Заедно со театарската работилница „Ојунбозан“ од Истанбул имавме разни театарски претстави и за децата од 7 до 10-годишна возраст, како и за возрасните.“
Кула исто така истакна дека овие претстави ќе продолжат да ги прикажуваат на Балканот за пред публиката да се претстават театарските актери од Турција кои играат во претстави кои тангираат значајни прашања.
Елмас, во изјавата за дописникот на АА го истакна задоволството што по долги години се наоѓа на балканските простори.
Наведувајќи дека на Балканот се дојдени со една претстава за деца и една за возрасни, Елмас истакна: „Дојдовме со една детска и со една претстава за возрасни. Бевме во Призрен, Приштина, Скопје, Тетово и денеска во Гостивар. Навистина добивме многу добри реакции. Особено за детската претстава.“
„Театарската претстава „Сарикамиш бела тага“ ја раскажува приказната за Сарикамиш каде што загинаа 90.000 илјади војници [станаа шехиди], без да испукаат еден куршум“, рече Елмас, и додаде: „Претставата е драматична. Сакавме да ги потсетиме нашите сограѓани тука. Се надевам дека ќе има добри реакции.“
Посочувајќи дека се многу среќни од реакциите на децата, Елмас се заблагодари на Институтот „Јунус Емре“ во Скопје за неговата поддршка и придонес.