Seyyid Emin
02 Август 2018•Ажурирај: 02 Август 2018
ГОСТИВАР (АА) - Во организација на Општина Ќучукчекмеџе од Истанбул, со поддршка на турското Министерство за култура и туризам, во соработка со Институтот „Јунус Емре“ и Универзитетот „Тракија“ од Турција, вечерва во Гостивар пристигна „Балканскиот караван“ кој има за цел промовирање на турската култура, јавува Anadolu Agency (AA).
На настанот беа претставени турските народни игри, како и програмата на семазените, додека на посетителите им беше понуден и вкусот на турската кујна.
Во овие рамки, вниманието на посетителите го привлече и цртањето на вода, односно техниката наречена ебру, како и калиграфијата.
Исто така, се одржа и шоу со тапани како и пеливани, а кон крајот на програмата се одржа и концерт на турски народни песни.
Директорот на Институтот Јунус Емре во Скопје, Шемсетин Шекер, истакна дека во рамките на Балканскиот караван, во Гостивар се сретнале со елементи од различни етникуми.
„Ние имаме едно единство од седум векови со елементите во Македонија. Постојат заеднички вредноси, и заедничка култура создадени од ова единство. Сите овие елементи кои денес се прикажуваат како култура на Турција, всушност тоа е заедничката култура и вредности на Македонија и Балканот“, рече Шекер.
Озѓур Оран од Општина Ќучукчекмеџе, потсети дека оваа година е вториот пат што овој проект го организираат тука, и дека првиот пар добиле многу позитивни реакции.
Оран информираше дека по Босна и Херцеговина, и Албанија дошле во Македонија. „Оваа година постигнавме континуитет. Но, во наредните години планираме да продолжиме со повеќе ентузијазм“, нагласи тој.
Проектот на „Балканскиот караван“ ќе продолжи до 5-ти август. Покрај Македонија, истиот настан се одржа и во Босна и Херцеговина, Црна Гора како и Албанија, додека следната дестинација ќе биде Косово.