Cuneyt Davut
25 Септември 2016•Ажурирај: 26 Септември 2016
ГОСТИВАР (АА) - Денес во селото Горна Бањица, гостиварско, се отвори стадионот што го носи називот „Реџеп Таип Ердоган”, јавува Anadolu Agency (AA)
На отворањето на стадионот во Горна Бањица, којшто му припаѓа на Фудбалскиот кулб „Трабзонспор”, присуствуваа Министерот без ресор во Владата на РМ, Фуркан Чако, градоначалникот на Гостивар, Невзат Бејта, заменик директорот на институтот „Јунус Емре” во Скопје, Фуат Коркмаз, претседателот на Сојузот на турски невладини организации во Македонија (МАТУСИТЕБ) Тахсин Ибрахим, претседателот на Здружението „Трабзонспор” од Горна Бањица, Гафур Казими, претседателот на клубот Мухамед Шабани, други гости и жители на селото.
Во својот говор министерот Чако рече дека отворањето на стадионот колку и да изгледа мал чекор, инвестиците којшто ќе бидат направени во овој простор претставуваат голем чекор од апект на развивањето на општеството како целина.
Претседателот на фудбалскиот клуб „Трабзонспор” Горна Бањица, Шабани, заблагодарувајќи им се на сите институции и лица којшто придонесоа во изградбата на стадионот, на селаните и на клубот, им посака да го користат со среќа и успех.
Тој истакна дека патот којшто води кон стадионот не е асфлатиран и дека истиот ќе биде асфалтиран следната година.
„Јас како градоначалник на општината, бидејќи овој стадиум го носи името на најголемиот политичар во историјата на Турција, ветувам дека во рамките на програмата за 2017 година ќе го асфалтирам овој пат”.
На отворањето на стадионот говореше и претседателот на локалната заедница на Горна Бањица, Абдулхади Хусеин, и претседателот на Здружението „Трабзонспoр” Горна Бањица, Гафур Казими.
На отворањето гостите беа послужени со алва, а по сечењето на лентата првиот симболичен шут го изведоа министерот Чако и градоначалникот Бејта.
Првиот натпревар на стадионот се игра денес со почеток во 15.00 часот, меѓу екипите на Горна Бајница „Трабзонспор” и „Лирија Равен”.