Турција

Ердоган: „Нас нѐ не засега нафтата, нас нè засегаат луѓето“

Ердоган на 2. Меѓународна конференција на омбудсмани рече дека во денешниот свет многу поранливи се државите кои не можат да воспостават силни врски со своите граѓани

Ekipa  | 18.11.2019 - Обновена : 19.11.2019
Ердоган: „Нас нѐ не засега нафтата, нас нè засегаат луѓето“

ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, истакна дека никаква моќ ниту влијание не можат да урнат држава зад која стои народот, јавува Агенција Анадолија (AA).

Ердоган на 2. Меѓународна конференција на омбудсмани, што се одржува во палатата „Долмабахче“ во Истанбул, рече дека во денешниот свет многу поранливи на внатрешните и на надворешните интервенции се државите кои не можат да воспостават силни врски со своите граѓани.

  „Државите кои не го слушаат гласот на сопствениот народ, не бараат решение за неговите проблеми, туку сосема спротивно, неговите приговори ги потиснуваат на груб начин, може да се соочат со големи страдања и уништувања“, нагласи претседателот Ердоган.

Тој, исто така, посочи дека и покрај тоа што Турција се соочува со многу закани, од нападите на терористичките организации до економски стапици, успеала да остане цврсто на нозе и постојано да ја зголемува својата моќ.

- „Турција е земја која дава најголема поддршка на бегалците во светот“ -

Претседателот Ердоган, наведувајќи дека Турција е земја која дава најголема поддршка на бегалците во светот, нагласи:

„Некои се во акција за поделба на нафтата. Тоа го кажаа и пред нас. Ние им одговоривме: ‘Нас нè не засега нафтата, нас нè засегаат луѓето‘...“

Ердоган во своето обраќање на Конференцијата рече дека Турција е земја која дава најголема поддршка на најмалку развиените земји и на бегалците во светот. 


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.