Bekim Laci
18 Декември 2015•Ажурирај: 19 Декември 2015
СКОПЈЕ (АА) - Предизвиците со кои се соочува Македонија се слични на оние кои се соочуваат другите земји во Југоисточна Европа, беше кажано на денешната конференција на тема "Нови предизвици за безбедноста во Југоисточна Европа и перспективите на Македонија за членство во НАТО и ЕУ", јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот на Евро-Атлантскиот Совет, Исмет Рамадани, говореше во својство на организатор на настанот и истакна дека функционирањето на државните институции е од витално значење цел државата да биде во можност да се справи со овие безбедносни предизвици. Тој побара спремност за да се избегне стигматизацијата на целиот колектив поради поединци од посебна причина.
"Кризата со бегалците со која сме соочени вклучувајќи ги и радикалните групи кои се присутни насекаде, во името на исламот е предизвик за Македонија,за што треба да се внимава за да не се стигматизира целата религија", рече Рамадани.
Универзитетскиот професор Стево Пендаровски, вели дека најголем извор на закана не доаѓа од бегалците, туку најголемата закана за САД и Западната Европа доаѓа од нејзините граѓани, поконкретно на третата генерација на муслимани таму. Членството во НАТО, според него, не значи дека автоматски државата ќе биде имуне на заканите.
"Без разлика од тоа под кој чадор сте, повторно, најголемата закана доаѓа од луѓе кои се враќаат од војната. Државата треба да се мобилизира бидејќи 10 или 20, луѓе со воено искуство можат да направат хаос ", рече Пендаровски додавајќи дека државните институции треба да бидат спремни за соочување со безбедносните ризици.
Заменик министерот за одбрана, Илми Селами, рече дека Македонија е мала земја и како таква не е во ситуација сама да се соочи со овие предизвици.
"Затоа, имаме потреба на помош од другите околни земји, но и од страна на ЕУ бидејќи кризата со мигрантите не научи дека новите ризици не познаваат граници", рече Илми Селами.