Muhammed Boztepe
03 Ноември 2017•Ажурирај: 04 Ноември 2017
АНКАРА (AA) - Премиерот на Република Турција Бинали Јилдирим изјави дека Владата на Турција подготви план за престојните три години според кој, како што рече, секоја годна ќе бидат отворени милион работни места, јавува Anadolu Agency (AA).
„Подготвивме план за наредните три години. Што се наоѓа во тој план? Турција од група земји со средни приходи ќе премине во група на земји со високи приходи. Националниот приход ќе изнесува преку 13 илјади долари по глава на жител и ќе имаме просечна стапка на раст од 5,5 отсто. Секоја година ќе овозможиме милион работни места за нашите граѓани. За да се случи тоа, потребно е уште повеќе да инвестираме во нашата економија", рече Јилдирим.