İlkay Güder
04 Ноември 2017•Ажурирај: 04 Ноември 2017
АНКАРА (АА) - Во воздушна акција на Вооружените сили на Турција (ТСК) извршена во северен Ирак уништени се упоришта на сепаратистичката организација ПКК, јавува Anadolu Agency (AA).
Генералштабот на Турција соопшти дека воздушните напади се извршени вчера на новооткриени скровишта и кампови на ПКК во регионите на северен Ирак, Кадил, Синат-Хафтанин, Гара, Метина, Авашин-Басјан, Зап и Хакурк.
Се работи за кампови во кои терористите подготвувале нови напади на позициите на турската војска.
Извршени се вкупно 36 напади на терористичките позиции, и уништени се скровишта и складишта со оружје и муниција кои ги користеле припадниците на споменатата терористичка организација.