Mümin Altaş
26 Јуни 2016•Ажурирај: 27 Јуни 2016
АНКАРА (AA) - Премиерот на Турција Бинали Јилдирим утре во Анкара ќе одржи конференција за новинари на која ќе зборува за резултатите од преговорите со Израел, јавува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на Владата на Турција, премиерот на Турција, Бинали Јилдирим, утре во 13 часот по локално време ќе одржи конференција за новинари во палатата Чанкаја, во Анкара.
Дипломатските односи на Турција и Израел се прекинати по израелскиот напад на хуманитарниот брод Мави Мармара во близина на Појасот Газа.
Група бродови на 31 мај 2010 година се обиде да дојде до Појасот Газа, но припадниците на израелската војска ги нападнаа во меѓународните води и им го попречија патот. Девет лица беа убиени, а дваесет беа ранети.