Burak Bir
31 Мај 2020•Ажурирај: 01 Јуни 2020
АНКАРА (АА) - Турција депортираше 12 терористи од Финска нивната матична земја, соопшти денес турското Министерство за внатрешни работи, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението, Министерството истакнува дека борците се вратени како дел од интензивните напори на Анкара за депортација на странските терористи.
„Турција продолжува со испраќање на странските терористички борци во нивните матични држави“, се додава од Министерството.
Иако прашањето за постапувањето поврзано со припадниците на терористичката организација ДЕАШ и нивните семејства приведени во Сирија, меѓу кои и странски припадници на терористичката организација, во светски рамки беше предмет на дискусија, Турција е на ставот дека странските терористи треба да бидат вратени во нивните матични држави.
Анкара нагласува дека неколку европски земји не вложиле напори да ги прифатат припадниците на ДЕАШ назад во нивните земји.
Турција досега депортираше најмалку 7.500 терористи на ДЕАШ.