İsmail Özdemir
27 Август 2016•Ажурирај: 28 Август 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Претседавачот со Претседателството на БиХ, Бакир Изетбеговиќ, денес во Истанбул се состана со претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, јавува Anadolu Agency (AA).
Состанокот е одржан зад затворени врати во истанбулската палата Тарабја, а траеше еден час и триесет минути.
Да потсетиме дека Изетбеговиќ присуствуваше на вчерашната церемонија на отворање на третиот мост на Босфор, мостот „Јавуз Султан Селим ” . На церемонијата присуствуваа и голем број на лидери од регионот и светот.