Kristina Maslareviç
27 Август 2016•Ажурирај: 28 Август 2016
БЕЛГРАД (AA) - Веста за запирање на истрагата против еден од еден од главно осомничените за минатогодишниот обид за убиство на премиерот Александар Вучиќ во Сребреница покажува дека зад тој обид стојат бошњачките политичари во БиХ, изјави првиот потпретседател на Србија и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ, јавува Anadolu Agency (AA).
Според писмената изјава на Дачиќ, година дена не само што ништо не е преземено за да се откријат напаѓачите и организаторот на нападот на Вучиќ во Поточари, туку е направено се тие лица да се заштитат.
„Србија се одлучи за мир и регионална стабилност, но тоа не може да се гради со омраза и постојани напади на Вадата на Србија и нејзиниот премиер, кој постапи државнички,а потоа доживеа обид за убиство и постојани навреди", наведе Дачиќ.
Тој додаде дека тоа го зборува за бошњачките политичари во БиХ како и дека Србија ќе продолжи да ја води својата политика на мир и помирување, за која доби признание од сите водечки политичари во светот.