Вучиќ, Додик и Цвијановиќ положија цвеќе во Меморијалниот центар во Поточари
- Тие денес пристигнаа во Поточари од каде ќе се упатат кон Сребреница каде што наскоро започнува дводневна инвестиционо-развојна конференција „Можности и перспективи за развојот на Сребреница 2015“ ????? ??????????
11 Ноември 2015•Ажурирај: 11 Ноември 2015
ПоточариПОТОЧАРИ (АА) – Премиерот на Владата на Република Србија, Александар Вучиќ, претседателот на Република Српска, Милорад Додик и премиерот на Владата на Република Српска, Жељко Цвијановиќ, положија цвеќе на спомен-обележјето во Меморијалниот центар Сребреница – Поточари, каде со едноминутно молчење им одадоа почест на настраданите во сребреничкиот геноцид, јавува Anadolu Agency (AA).
Во Поточари пристигна и членот на Претседателството на БиХ, Бакир Изетбеговиќ, потпретседателот на Федерацијата на БиХ, Милан Дуновиќ, претседавачот со советот на министри на БиХ, Денис Звиздиќ, потпреседателот на Република Српска, Рамиз Салкиќ, шефот на делегацијата на Европската унија во БиХ, Ларс-Гунар Вигемарк, шефот на мисијата на OSCE во БиХ, Џонатан Мур, амбасадорот на Република Турција, Џихад Ергинај во придружба на директорот на Турската aгенција за меѓународна соработка и развој (TIKA), Хусеин Шанли, амбасадорот на Република Србија во БиХ, Станимир Вукичевиќ и други официјални лица.
По полагањето цвеќе на спомен-обележјето во Поточари, официјалните лица од БиХ и регионот прошетаа низ Меморијалниот центар.
Од Поточари отидоа во Сребреница каде наскоро започнува дводневната инвестиционо-развојна конференција, „Можностите и перспективите за развој на Сребреница 2015.“
Поточари и Сребреница ги обезбедуваат голем број припадници на полициските сили од двата ентитета.