????? ??????????-???????
11 Ноември 2015•Ажурирај: 12 Ноември 2015
АНКАРА (АА) - Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган, се обрати на состанокот организиран од страна на турскиот Одбор за странски економски односи (DEIK) , јавува Anadolu Agency.
„Човештвото нема да може да се ослободи од грижата на совест поради непреземањето конкретни мерки за 370.000 луѓе кои на најнизок и најподол начин се убиени и се убиваат (во Сирија). Институциите кои човековиот живот и човечноста не ја земаат како приоритет можеби во правна смисла се сопственици на некој статус ама никогаш не ќе можат да ги надминат проблемите на легитимитетот” ,рече во своето излагање турскиот претседател Ердоган.
“За крвта на секој починат Сириец се одговорни сите земји и институции кои имаат моќ да го решат проблемот, а не го решаваат од оваа или онаа причина” , додаде тој.
Претседателот Ердоган, исто така, изјави дека за играта која се игра над Сирија со изговор дека теророт е виновен, и оние што мислат дека придобиле нешто од ова, за кратко време ќе се уверат дека не се во право.
“Ние секој ден се судираме со овој проблем, секојдневно ги доживуваме овие проблеми, додека овој проблем повеќето медиуми само го следат а повеќето лидери на држави на лист хартија прават секакви анализи", кажа претседателот Ердоган и додаде:
„Во врска со оваа тема карактеристиките кажани од наша страна се гледаат како диломатски маневар или како политичка мисла. Ние гласно и јасно ја кажуваме вистината” , изјави Ердоган, истакнувајќи:
“Оние кои додаваат масло на огнот во Сирија, ќе се најдат самите во тој оган и нема да можат да се спасат. Ова е едно пријателско предупредување кажано со искреност.“