НЕЗУК (АА) - Околу 5,000 учеснници на „ Маршот на мирот” тргнаа утрово од Незук кај Сапна кон Поточари кај Сребреница, со што започна тридневниот Марш на мирот по патеката „ патот на спасот”, долга 100 километри, коа ја преминувале Сребреничаните во летото 1995 година барајќи спас на слободната територија на подрачјето на Тузла, јавува Anadolu Agency (AA).
Инаку, 12-от по ред „ Марш на мирот” Незук - Поточари 2016 година и оваа година, покрај комеморацијата и погребот на жртвите, е една од главните активности во склоп на одбележување на 21 годишнина од геноцидот над Бошњаците на Сребреница.
На чело на колоната, како и претходната година, се наоѓаат преживеаните Сребреничани кои во јули 1995 година тргнаа од Сребреница на „пат на спасот” . Иллјадници се убиени тогаш, а само ретки успеаја да дојдат до слободна територија, Тузла или Кладња. Покрај преживеаните Сребреничани се наоѓаат и голем број на граѓани на БиХ но и граѓани од многу други земји на Европа и светот. Во Незук, утрово беа присутна и потпретседателката на Федерацијата на БиХ, Мелика Махмутбеговиќ, градоначалникот на Општина Сребреница, Ќамил Дураковиќ и други претставници на локалните власти од подрачјето на Тузлантскиот кантон.
Претседателот на Пододборот на Маршот на мир, Мунир Хабибовиќ, истакна дека уште пред Рамазанскиот бајрам е подготвено се кога станува збор за патиштата по кои ќе се движат учесниците на „Маршот на мир” .
„Маршот тргна во 8:30 часот за разлика од претходните години. Тоа го поместивме со цел да стигнеме на Снагово на муслиманската молитва која се врши секој петок” , нагласи Хабибовиќ.
Според неговите зборови, во Маршот учествуваат до 5,500 лица.
„Конечниот број е до 5,500 учесници. Имаме учесници од сите држави на Европа и светот. Што се однесува до логистиката, оваа година е најпокриен Маршот на мир. Што се однесува до медицинската покриеност на Маршот имаме волонтери на црвени крстови од Тузлантскиот и Сараевскиот кантон, Сребреница, имаме доктори кои на патот ќе бидат 24 часа. Потоа, имаме и хеликоптерска поддршка на Вооружените сили на БиХ. Покривме се и само е важно учесниците на Маршот да се држат до кодексот на однесување” , порача Хабибовиќ.
Меѓу учесниците се наоѓа и група на Босанската Крупа, која се состои од 59 лица. Ќазим Ахмиќ седми пат учествува на Маршот на мир.
„Кога еднаш ќе тргнеш не можеш да застанеш. На секој би му рекол да дојде и да учествува на Маршот. Кога некој за прв пат ќе дојде сигурно ќе дојде повторно”, истакна Ахмиќ.
Секој пат кога учествува во Маршот на мир вели дека е многу тажен.
Амина Јусуфовиќ е една од најмладите учеснички на Маршот на мир.
„Доаѓам од Бјелина. Имам десет години, а на Маршот учествувам веќе осми пат. Тука сум со мојата мајка, татко и сестра”, изјави Амина, ученичка во петто одделение.
За случувањата во Сребреница и патот на спасот знае многу. Истакна дека најтешко и паѓа фактот за тоа колку луѓе се убиени во 1995 година.
„Горда сум што сум една од најмладите учеснички на Маршот на мирот ” , рече ова десеттгодишно девојче.
Меѓу оние кои со тридневно пешачење сакаат да оддадат почест на жртвите на геноциот во Сребреница се наоѓаат и граѓаните на Турција. Мевлут Догрер од турскиот град Синопа во Незук пристигна со својот маж и две деца, деветгодишен и петгодишен син.
„Прв пат сме тука. Дојдов со мојот маж и двата сина. Знаеме за страшните работи што се случувале во Сребреница. Сакавме да учествуваме на овој Марш со цел да оддадеме почест на убиените Сребреничани но и да ја споделиме болката со сите мајки кои ги загубиле своите синови”, истакна Догрер.
Пред доаѓањето во Незук, го гледавме документарниот филм за случувањата во Сребреница, потсети таа.
„ Меѓутоа, поразлично е, уште потажно, кога дојдовме тука и ги видовме сите овие луѓе. Разговаравме со еден преживеан. Се надеваме дека повеќе никој нема да доживее такво нешто но ниту дека и ќе се заборави сето она што е сторено”, порача Догрер.
На Маршот на мирот прв пат учествува брачниот пар Екрем Алп од Турција. Во групата која стигна со нив се наоѓаат 40 лица.
„Сакавме да дојдеме и минатата година, меѓутоа, не успеавме во тоа. Одлучивме сепак да го направиме тоа оваа година. Уште како дете на телевизија ги гледав воените случувања во БиХ. Тоа многу влијаеше на мене”, истакна Алп.
Тој изрази надеж дека во Маршот ќе учествуваат и наредните години.
На долгиот пат околу 100 километри тргна и Аналиса Триола од САД. „Ова е втор пат како сум тука и дојдов со група од Универзитетот Денвер. Една од активностите во склоп на летниот камп е доаѓањето на овој Марш” , појасни Аналиса.
Потсетувајќи се минатата година таа рече дека во тек на три дена на Маршот запознале многу луѓе кои го преживеале сребреничкиот период.
„ Тоа е срцепарателно. Мислам дека е многу важно да се биде тука затоа што многу малку луѓе во светот знаат за ова ”, порача Аналиса.
На учесниците на „ Маршот на мир” на 10-ти јули пред влезот во Меморијалниот центар во Поточари ќе се придружат и 250 учесници на велосипедскиот маратон Бихаќ - Поточари 2016 како и 23 учесници на Супермаратонот Бихаќ -Поточари 2016.
Ќе им се придружат и 500 моторџии од Сараево, пет ултрамаратонци од Вуковар, учесници на Маршот на мир Жепа - Поточари, 10 тркачи од Горажде и многу други.
Во Меморијалниот центар во Поточари на 11-ти јули ќе се изврши муслиманската молитва со клањање и ќе биде извршено закопување на посмртните остатоци на 127 жртви, меѓу кои 12 малолетници. Најмладата жртва е 14 годишниот Авдија Мемиќ, а ќе биде закопан заедно со неговиот чичко Авдурахман и неговиот 16 годишен син Халил. Најстарата жртва која ќе биде закопана на 11-ти јули оваа година е Мустафа Хаџовиќ. До сега во Поточари се закопани 6,377 жртви.