Almir Terzic
15 Февруари 2016•Ажурирај: 16 Февруари 2016
БРИСЕЛ (АА) - Претседавачот на Претседателството на БиХ, Драган Човиќ, во име на Босна и Херцеговина во Брисел му ја предаде апликацијата за членство во ЕУ на министерот за надворешни работи на Холандија, Берт Коендерс, јавува Anadolu Agency (AA).
Церемонијата за предавањето на апликацијата на БиХ за членство во Европската унија, се одржува во Брисел во зградата на Советот на ЕУ.
„Ние сакаме да се израмниме со сите наши соседи на европскиот пат ... Ние сме свесни дека имаме многу работа”, рече Човиќ, заблагодарувајќи им се за помошта на европските претставници.
На свеченоста присуствува Високиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика при ЕУ и потпретседателка на Европската комисија, Федерика Могерини и комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување Јоханес Хан.
Холандскиот министер Коендерс на церемонијата рече „сега на Босна и Херцеговина и останува да постигне резултати во реформите.”
По поднесувањето на апликацијата, претседателот на претседателството на БиХ ќе се сретне со вицепремиерот и министер за надворешни и европски работи на Словачката Република, Мирослав Лајчак, а во попладневните часови ќе се сретне и со комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување, Јоханес Хан.