СРЕБРЕНИЦА (AA) - Алмир Терзиќ
За време на воведното излагање на претседателот на Собранието на општина Сребреница Милош Милонановиќ на отворањето на комеморативната седница на Советот на општината Сребреница посветена на жртвите во Сребреница, во еден дел од говорот тој рече дека седницата е организирана како спомен за жртвите, кога Хатиџа Мехмедовиќ, претседателката на Здружението "Мајки на Сребреница" во еден дел од говорот гласно од публиката ја дополни реченицата со зборот "геноцид".
Во разговор за Anadolu Agency (AA) Мехмедовиќ појасни дека "колку и да се зборува за злосторствата, злосторствата се случувале" .
„Но геноцид е нешто што им 'смета' на ушите на сите и нешто што не треба да се изоставува од речникот бидејќи тоа е докажано, тоа е потврдено. Тоа не го докажавме ние семејствата туку го потврди судот и ги осуди воените злосторства дека во Сребреница е извршен геноцид. За жал, да дадеше Господ да не се случеше. Јас би сакала сега да имам едо свое дете отколку целиот свет. Наместо тоа, јас живеам потполно сама, живеам од спомени. Всушност не живеам, туку издржувам една тешка робија во темица без прозорци и врати", порача Мехмедовиќ.
Претседателката на Здужението "Мајке Сребренице" вели дека секогаш, и дека секогаш ќе ги дополнува оние кои во своето обраќање ќе го изостават зборот геноцид.
„Да се рече геноцид тоа е нормално. Јас мислам дека тоа е нормално. Тоа кој сака да го избршише, малку се преварил. Тоа е докажано", наведе Мехмедовиќ.
Не интересираше и ставот на претседателката на Здружението "Мајки на Сребеница" за пораката дека претставниците на Србија не де добредојдени на одбележувањето на 21-годишнина од геноцидот над Бошњаците, "Сигурната зона на ОН" Сребреница и погребот на жртвите од јули 1995 година.
„Јас не сум политичар, не сум аналитичар. Јас можам да зборувам како жртва. Што се однесува то тоа, погребот е место каде можат да дојдат сите добри луѓе кои се сочуствуваат со семејствата, па дури и оние кои војувале во БиХ, па и оние кои извршиле агресија на БиХ, ако ги признаваат грешките и велат: 'Да, ние згрешивме, ние се извинуваме'. Но не само да се извинуваат, туку да ги пренесат зборовите на дело. На нас ни е доста од извинување. На нас ни треба зборовите да се преточат во дела. Сите такви се добредојдени. А оние кои го негираат геноцидот, кои сакаат да го намалат тоа, да не пребројуваат и секој ден да не намалуваат, или да работат како што сакаат, навистина не им е местото тука. Тоа не се однесува само на оние од Србија. Кој тоа така го протолкувал погрешно го протолкувал. Тоа не е кажано дека е од Србија. Јас дадов вистинска изјава за тоа, дека не се добродојдени оние кои го негираат геноцидот, не само на 11 јули туку никогаш не се добредојдени во Меморијалниот центар во Поточари", рече Мехмедовиќ.
Таа наведе дека со непожелноста се однесува на сите оние кои го негират геноцидот. Бидејќи, вели Мехмедовиќ, тие во Поточари "на тој начин направиле таму вечно да се куќите на нивните деца, нивните станови, фирмите од нивните деца".
„Не можат оние кои тоа го направиле над нашите деца да си земат за право да малку негираат, малку профитираат на оние кости и крвта на нашите најмили. Ние, семејствата тоа нема да го дозволиме, бидејќи такво право нема никој. Јас денес поминувам и гледам и собирам желба од младите деца. Јас досега можев да бидам прабаба, но никогаш таа радост нема да ја дочекам. Никогаш нема да можам да почуствувам што е радост, бидејќи некои се потрудија да ми ја иселат целата радост од мојата куќа, моето срце и не само кај мене туку на илјадници мајки, а оставија само тага. Мојата врата ја отвара само тагата. Моите врати никогаш нема да ги отвори радоста. Затоа треба сите ние да се погрижиме, да дадеме минимум од себе, а тоа е да бидеме чесни и доколку сме чесни кон себе, тогаш да бидеме и кон другите.Ако не сакаме злото на нас да ни се случува, да не посакаме зло ниту на другите, за да на идните генерации им биде подобро. А тоа е вистината, правдата и праведноста", смета Мехмедовиќ.
Таа вели дека "децата мораат да знаат се, што се случило над БиХ, дека е направена агресијата над БиХ од Србија и Црна Гора, колку тоа некој го сакал или не го сакал".
Таа нагласи дека судовите се за живите, но исто така дека судот е и за опомена.
„Нашите деца никој не може да ги врати. Нема пари со кои тоа може да се плати. Нема таков суд кој за тоа може да пресуди, но може да има опомени, ако се суди како што треба. Може да биде опомена за идните генерации тоа да не им се повтори", оценува Мехмедовиќ.
Тоа што српскиот премиер Александар Вучиќ нема да дојде во Сребреница, претседателката на Здружението на "Мајке Сребренице", смета дека тоа е "негов проблем".
Но бурно реагираше на неговите изјави дека ќе продожи да и помага на Сребреница.
„Не тоа не се негови пари. Тоа е долг кон Сребреница за потопеното земјиште. Нека не дава никој од својот џеп. Не сме сиромашни, не сме за милост. Нека го врати оној долг за потопеното земјиште за Сребреница. Не е тоа помош. како што сака да каже. Тоа е понижување на сите оние кои се убиени на најсвиреп начин. Ние негодуваме поради тоа. Какви пари? Кој дал од свој зеп нека собере и нека носи", рече Мехмедовиќ.
Здужението "Мајке Сребренице" го предадоа барањето на 13 јули да се соберат пред Судот и Обвинителството во Сребреница, каде се убивани нивните најмили тој ден 1995 година. Но, не наидоа на позитивен став.
„Ние ќе одбележиме ако му се дозволи на некој друг, а не ни ни се дозволи на нас семејствата, бидејќи имаме аргументи.Имаме фотографии, имаме тонски запис кој останал, имаме се. Ние ќе го одбележиме по секоја цена. Бидејќи, сепак, имаше ли жртвата да кажеме, право да се брани? А оние кои не убиваа сега сакаат да свртат на некоја друга страна", вели Мехмедовиќ.
Истакна дека семејствата порачаа дека на 13 јули ќе бидат на протестите пред зградата на Судот и Обвинителството во Сребреница:
„Ние така одлучивме, па како биде нека биде."