Amina Zorniç
09 Јули 2016•Ажурирај: 10 Јули 2016
САРАЕВО (AA) - Неколку стотици граѓани на Сараево денес го исполни просторот пред зградата на Претсдателството на Босна и Херцеговина во центарот на градот каде стаса колоната со посмртните остатоци на 127 убиени Сребреничани, јавува Anadolu Agency (AA).
Главната сообраќајница во Сараево ја исполни молкот и плачот на собраните граѓани кои со цвеќе во рацете, тивко се молеа за душите на невино убиените. Пред самиот влез на колоната долж трасата на движењето оставени се цветови од бели рози.
Камион со церада на знамето на Босна и Херцеговина утрово од Градските гробишта од Високо тргна кон Поточари, каде на 11 јули ќе биде се одржи колективиот погреб во Меморијалниот центар во Поточари на 21 годишнина од сребреничкиот геноцид.
Денес посебно е тажна Фатма Хубијар која со солзи во очите се молеше за душите на убиените Сребреничани. Во рака држи фотографија од синот Адем кој загина на 22 години, а неговото тело ниту денес не е пронајдено.
Вели дека се сочуствува со сите мајки на кои единсрвена утеха им е да ги пронајдат телата на своите деца.
„На сликата е мојот син, никогаш не го погребав, никогаш. Загина на Жуча, беше ранет и не можеше да се извлече, не можеа да му помогнат. Ниту денес го нема, беа на него уште тројца момчиња, велат дека се товарени во камиони .... Доаѓам тука, го барам. Секогаш кога одат ковчезите, доаѓам секоја година, но не можам веќе, остарев, во жал сум, мажот ми почина", раскажа Фатма.
Почест на убиените Сребреничани им оддадоа Хусеин ефенди Кавазовиќ, реис-ул-улема на Исламската верска заедница на Босна и Херцеговина, Џонатан Мур, шефот на Мисијата на ОБСЕ во БиХ, амбасадорот на Република Турција во БиХ Џихад Ергинај и други функционери.
Колоната во Сараево ќе се задржи десетина минути после што, одејќи низ град, ќе го продолжи патот кон Поточари. Во главниот град на БиХ сообраќајот е запрен во делот каде се движи колоната.
Ковчезите на 127-те жртви, чии посмртни остатоци се пронајдени главно во секундарните масовни гробници, спремни се за колективен погреб во Поточари каде ќе го најдат вечниот мир.
Највеќе жртви има од подрачјето на Сребреница, Братунац, Власеница, Зворник и Милиќи.
Меѓу нив е и 12 малолетници. Најмладата жртва која ќе биде погребана на 11 јули оваа година во Поточари е 14-годишната Авдија (Емин) Мемиќ. Тој ќе биде погребан заедно со својот чичко Абдурахман и неговиот малолетен син Халил, кој имаше 16 години кога е убиен. Најстарата жртва имаше во моментот на смртта 77 години.
До денес во Меморијалниот центар во Сребреница-Поточари се закопани 6.377 жртви од геноцидот. Во геноцидот над Бошњаците на Сребреница во јули 1995 година кој го изврши тогашната Војска на Република Српска, убиени се повеќе од 8.000 луѓе, највеќе мажи и момчиња.
Геноцидот во Сребреница е најголемо масовно злосторство извршено на тлото на Европа по холокаустот во Втората светска војна.